очиња само мн.

очиња (само мн.)

Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во холот стои жената и до неа едно дете со уплашени очиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врапчето стоеше згушено сето и само со очињата мрдаше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Му ги потргнува клепките и му ги затвора очињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очињата им се оѕверија, се затаија во себе како мачки пред да рипнат на жртвата, но истовремено сфаќајќи ја својата немоќ и се оладија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оди таа, одбира во газењето, а предниците од клашеникот само ѝ се поткреваат и копчињата ѝ светкаат ко очиња од пилиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се молат, се гледа дека се молат со очињата да ги пуштиш дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очињата им искрат со тажна спуза.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Обравчињата ѝ горат, не замалува огнот. Ко жарје во кација нацрпени и горат. И очињата со крв ѝ се облечени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа знаеше честопати да застане пред излезната врата и толку бесповратно да чезне за надвор со оние свои очиња, така што тој можеше само да му отвори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Паун Радевски само го преграбува шишето и ги стеснува зацрвенетите очиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Витомир само ме гледа и само ситни со ситните очиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Роса само ме гледа, ко да не е тука, ко да не сум тука. Очињата ѝ се црвенеат ѝ сѐ нешто си зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само малку ги подотворил очињата, а во нив нешто ко чад, ко облаче влезено. Ко налеиште насобрано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги учат како се впиваат езерски бранови во палавите очиња за да не замижуваат, кога ќе пораснат, на секоја секавица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ништо не ѝ се познава во очињата: ни црнка, ни белка. Сѐ е зафатено од жарот, од горештините нејзини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што гледаше така, подлипна, наеднаш ги преврте очињата крвјосани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На другата страна од просторијата, седејќи сам покрај една маса, еден ситен човек кој необично потсетуваше на бубалка, пиеше кафе додека неговите ситни очиња фрлаа сомничави погледи час на една, час на друга страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се наведнаа да видат подобро и просто не им се веруваше: па тоа беа две сосема малечки кутренца, малечки - речиси колку нивната дланка, кутренца со одвај отворени очиња, гладни, измрзнати, кутренца што цимолеа со слаб глас.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ја погледнувам. Сините очиња се залепени за далечната модра планина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе